fbpx

Во кој рок треба да се достават пресметките за придонеси за плата за да можат да ја користат мерката? Немало во Уредбата дефинирано дали останува до 5-ти во тековниот месец, за претходниот месец како што првично било објавено на прес.Исто така, за Член 9 од Уредбата, прва алинеја не дефинира дали резултатот од работењето од 2020 треба да биде позитивен или негативен, односно дали ќе биде добивка или загуба, па да знаат дали ќе треба да враќаат средства назад во буџетот.

Одговор: Во однос на рокот за поднесување на МПИН образецот за пресметка на плата, во член 5 точка 5 од самата Уредба за мерката за финансиска поддршка, е наведено дека Роковите за поднесување на МПИН образецот до Управата за јавни приходи и исплатата на платата,...

Кога и како ќе може да аплицира за финансиска поддршка за исплата на плата од 14.500 по вработен?

Одговор: Компаните можат да аплицираат за да ја користат мерката за месец Април доколку го исполнат критериумот дека приходите им се паднати за 30% споредбено со просекот за 2019 година. Втор услов е да немаат исплатено дивиденди и бонуси од денот на објавување на...

Дали финансиска поддршка за исплата на плата во износ до 14.500 денари се однесува на нето платата што треба да ја исплати работодавачот како минимална нето плата или се однесува на бруто платата во висина до 14.500 денари.

Работодавачите ќе добиваат по 14.500 денари нето по вработен месечно и ова не е плата, туку износ на финансиска поддршка која секоја компанија може да ги искористи. Подетални информации за оваа поддршка може да се најдат на следниот линк. Дополнителни прашања во врска...

Кои се условите да се добие субвенционирање на 50% од придонесите за месеците април, мај и јуни?

Одговор: Компаниите кои сакаат да аплицираат за да ја користат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите, треба да исполнуваат услов приходите да им бидат намалени за најмалку 30% споредбено со просекот за 2019 година. Втор услов е бројот на вработени за...

Има случаи на вработени кои се плашат од ситуацијата и неоправдано отсуствуваат од работа. Би ве замолиле за појаснување на Уредбата за субвенционирање на придонесите, но и појаснување како да постапиме со ваквите случаи на вработени, бидејки во целост се почитуваат мерките на Владата за спречување од ширење на заразата од една страна, меѓутоа навистина се бориме работниот процес непрекинато да функционира со зголемен обем на работа поради настанатата ситуација. Ако им прекине работниот однос без отказен рок, за кој воедно се во целост исполнети условите, фирмата е ставена во незавидна позиција бидејки ќе нема право на субвенции, но истото не е предвидено во Уредбата за субвенционирање. Односно согласно Уредбата за субвенционирање на 50% од придонесите, нема фирмата да има право на субвенции ако не го задржи истиот број на вработени со состојба 31.03.2020 година (член 4, став 2 точка б од Уредбата).

Одговор: Работодавачот кој побарува финансиска поддршка не смее бројот на вработени, да го намали за месец април, мај и јуни 2020 година во однос на бројот на вработени со состојба на 31 март 2020 година, земајќи ги во предвид и вработените преку приватна агенција за...

Мојата компанија има 260 вработени, но поради состојбата со корона вирусот компанијата има проблем со ликвидноста, работам за извоз, а во нареден период сакам да воведам нова производна линија за медицински средства. Дали има можност да добијам кредитирање преку Развојата банка и под кои услови ќе биде кредитирањето.

Одговор: Она што во моментов се работи за да стане достапно се средства од 50.9 милиони евра од Европската Инвестициона Банка, каде што Владата ќе се влучи во делот на субвенционирање на трошокот за камата. Со оваа мерка, Развојната Банка ќе понуди значително пониска...

Аплицирав за кредитирање преку Развојната банка на првиот јавен повик, но се уште нема одговор дали ми е одобрен.

Одговор: Од обработените барања (апликации) за кредитирање преку првиот јавен повик, во тек е потпишување на договори со 136 компании апликанти кои ги исполните условите. Развојната банка продолжува интензивно да работи на обработка на останатите барања заради...

Со првиот јавен повик, за дејноста која ја обавувам немам можност за кредитирање преку Развојната банка, а мојот бизнис е погоден од состојбата, имам значително намалени приходи, неликвиден сум.

Одговор: Со првиот јавен повик за кредитирање преку Развојата банка за кое што се обезбедени 5,7 милиони евра за бескаматни кредити таргетирани се најпогодените сектори и тоа угостителство, туризам и товарниот транспорт. Во вториот јавен повик за кредитирање преку...

Зошто полесните случаи на заболени со КОВИД 19 не се ставаат во државен карантин туку им се препорачува домашно лекување?

Практиката на домашно лекување е еден од примерите кои се земени од Германија и е сосема соодветна и за на наши услови. При вакво лекување има сосема јасен начин на комуникација со матичниот лекар кој најмалку двапати дневно телефонски прави разговор со своите...

При постоечката рестрикција на движење – дали им се потребни посебни документи на пациентите кои примаат терапија на Клиниката за онкологија во Скопје, а не стигнале да се вратат дома пред почетокот на полицискиот час?

Нема никаква рестрикција во движењето на пациенти на кои им е потребна било каква здравствена услуга. Ова се однесува и на посетата на дежурните матични лекари или дежурни...

Зошто во рестриктивните мерки не вклучена забрана за работа на фризерски салони?

Дадени се препораки за работата на сите институции, компании,  мали фирми за тоа како да се организира работата - со почитување на неопходната дистанца и користење на заштитни материјали при работата.  Вакви мерки се препорачани и за овие мали приватни...

Кои се лесните симптоми на КОВИД 19 и како да се препознаат?

Лесната форма на КОВИД 19 подразбира -горнореспираторна болест која личи на настинка. Во голем број стручни публикации наидуваме на податоци за асимптоматски носители кои воопшто немаат симптоми на заболувањето. Токму во однос на оваа група е особено важно да се...

Чувствувате симптоми?

Јавете се веднаш кај вашиот матичен лекар или во најблискиот центар за јавно здравје.

0800 002 03

Национален call центар за информирање

ИЈЗ Скопје

ЦЈЗ Велес

ПЕ Гостивар

ЗД Скопје

ЦЈЗ Кочани

ПЕ Гевгелија

ЦЈЗ Скопје

ЦЈЗ Куманово

ЦЈЗ Битола

ЦЈЗ Охрид

ЦЈЗ Тетово

ЦЈЗ Прилеп

ЦЈЗ Штип

ЦЈЗ Струмица