fbpx

КЗБ: Почнува вакцинација со четврта доза против КОВИД-19

Објавено на: 06.07.2022 | 13:07
Категории: Featured | Соопштенија

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19.

Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против КОВИД-19. Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување.

Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.

Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот КОВИД-19.

Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против КОВИД -19, со цел да стекнат дополнителен имунитет.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Во последните 24 часа регистрирани се 252 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.492 – Оздравени се 426 пациенти – Пријавени се 5 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 252 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.492 – Оздравени се 426 пациенти – Пријавени се 5 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 867 тестови, а регистрирани се 252 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 127, Кавадарци – 14, Куманово, Битола и Охрид – по 12, Велес – 10,...

Во последните 24 часа регистрирани се 313 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.240 – Оздравени се 364 пациенти – Пријавени се 7 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 313 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.240 – Оздравени се 364 пациенти – Пријавени се 7 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 972 тестови, а регистриран е 313 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 154, Битола – 35, Куманово – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 14, Гевгелија...

Во последните 24 часа регистрирани се 381 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 338.929 – Оздравени се 775 пациенти – Пријавени се 6 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 381 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 338.929 – Оздравени се 775 пациенти – Пријавени се 6 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.131 тестови, а регистриран е 381 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 173, Битола – 36, Прилеп – 24, Кавадарци – 16, Куманово и Гевгелија –...