fbpx

Со караванот за вакцинирање против КОВИД-19 приближување на вакцинацијата до граѓаните и бенефитите од неа

Објавено на: 01.04.2022 | 15:04
Категории: Featured | Соопштенија

Заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски, претставникот на УСАИД за Северна Македонија, Ерик Јановски, заменик претставникот на УНИЦЕФ Артур Ајвазов, градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани и претставници од СЗО го посетија селото Неготино во општина Врапчиште, една од последните локации, кои ќе ги посети караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19.

Караванот ќе заврши за два дена, со остварени посети на вкупно 14 градски и рурални подрачја низ целата држава. Освен можностите да се прими вакцина против КОВИД-19 во локалните заедници, медицински екипи, придружувани од волонтери на Црвениот крст и студенти од медицински здруженија, споделуваа веродостојни информации за вакцинирањето против КОВИД-19, како и за придобивките од вакцинацијата и ризиците од одложување. Се даваа и информации за локациите и работното време на најблиските здравствени домови, каде има вакцини на располагање за сите.

Согласно последните податоци од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, околу 41,2% од вкупното население во земјата е вакцинирано со две дози. Голем дел од населението останува незаштитено од можните тешки последици од КОВИД-19. Невакцинираните луѓе имаат поголем ризик од смрт од КОВИД-19 во споредба со тие кои биле вакцинирани. Затоа, граѓаните не треба да се колебаат и одлуката за вакцинирање не треба да се одложува, изјави заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски.

Активностите во насока на поттикнување вакцинација реализирани изминатиов период докажуваат дека различни приоди се успешни во различни заедници и затоа треба да се продолжи со активности по мерка на специфичните потреби на локалните жители, со цел да се обезбеди лесен пристап до вакцини и веродостојни информации за КОВИД-19. За време на караванот во Ново Село се вакцинираа дури педесетина лица во еден ден; во Шуто Оризари се вакцинираа вкупно 35 лица, а за споредба само 4 лица примиле вакцина во периодот од две недели пред овој настан. За време на настаните организирани во рамки на караванот досега се вакцинираа повеќе од 200 лица.

Караванот и другите насочени интервенции придонесоа кон поголем интерес за заштита од КОВИД-19. Минатиот петок здравствените домови пријавија над 11% зголемување во просечниот дневен број вакцинации во нивните објекти, во споредба со претходната недела.

Јас ги имам примено сите вакцини и ги охрабрувам сите што ги исполнуваат условите да се вакцинираат. Докажано е дека вакцините против КОВИД-19 се безбедни и ефикасни. Помагаат да се запре ширењето на болеста и нудат силна заштита од тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт поради инфекција со КОВИД-19. Затоа ги поддржуваме активностите како што е овој караван, за да се допре до повеќе луѓе, особено до ранливите и ризични групи, рече претставникот на УСАИД за Северна Македонија Ерик Јановски.
Министерството за здравство и партнерите ќе продолжат да работат на откривање на бариерите што го отежнуваат вакцинирањето против КОВИД-19 во различните заедници и ќе бараат начини за надминување на тие бариери преку прилагодени комплементарни активности што ќе ги донесат вакцините и информациите поблиску до граѓаните, особено до ранливите сегменти на населението.

Високите стапки на вакцинација во некои држави и релативно послабиот интензитет на симптоми на Омикрон наведуваат кон создавање опасни заблуди дека пандемијата е завршена, што не е точно. Единствениот одржлив излез од пандемијата е постигнување висока стапка на вакцинација во сите држави, со посветување особено внимание на опфатот на најранливите лица, обезбедувајќи заштита од тешка форма на болест предизвикана од КОВИД-19 за сите семејства и безбедна средина за децата“, рече заменик претставникот на УНИЦЕФ Артур Ајвазов.

Министерството за здравство го почна караванот за заштита од КОВИД-19 со поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ). Караванот почна во Шуто Оризари на 21 март и ќе продолжи утре (сабота) со посета на Кичево, а ќе заврши во Струга на 3 април.
Покрај активностите организирани во рамки на караванот за вакцинирање, граѓаните може да се вакцинираат и во најблиските здравствени домови секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот. Пунктот за вакцинирање во Поликлиника Букурешт во Скопје е отворен до 20:00 часот од понеделник до петок.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Во последните 24 часа регистрирани се 252 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.492 – Оздравени се 426 пациенти – Пријавени се 5 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 252 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.492 – Оздравени се 426 пациенти – Пријавени се 5 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 867 тестови, а регистрирани се 252 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 127, Кавадарци – 14, Куманово, Битола и Охрид – по 12, Велес – 10,...

Во последните 24 часа регистрирани се 313 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.240 – Оздравени се 364 пациенти – Пријавени се 7 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 313 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 339.240 – Оздравени се 364 пациенти – Пријавени се 7 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 972 тестови, а регистриран е 313 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 154, Битола – 35, Куманово – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 14, Гевгелија...

Во последните 24 часа регистрирани се 381 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 338.929 – Оздравени се 775 пациенти – Пријавени се 6 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 381 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 338.929 – Оздравени се 775 пациенти – Пријавени се 6 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.131 тестови, а регистриран е 381 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 173, Битола – 36, Прилеп – 24, Кавадарци – 16, Куманово и Гевгелија –...