fbpx

Извештај на ИЈЗ од 28.02.2022 до 06.03.2022 година

Објавено на: 08.03.2022 | 09:03
Категории: Featured | Соопштенија

Регистрирани сe 2.504 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 32,3% во однос на минатата недела (n=3.701). Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14,0%.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од    28.02.2022 до 06.03.2022 година, тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.418; 56,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 389,4/100.000, Скопје – 312,7/100.000 и Демир Капија – 308,6/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=705, 28,2%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=103; 4,1%).

Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 46,9% во возрасната група од 0-9 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување, во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.511 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела, вкупно се пријавени 372 реинфекции, со намалување за 31,5%  во однос на претходната недела.
Пријавени се 44  смртни случаи во 17 градови во текот на изминатата недела, за 35,3% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, најголем број (n=42; 95,5%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 40-49 години (1) и 30-39 години (1).

На 17.02.2021 во Северна Македонија започна вакцинацијата против КОВИД-19. Заклучно со 05.03.2022, вакцинирани се вкупно 871.082 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 850.803 лица, а со трета доза се вакцинирани 144.391 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со КОВИД-19 за периодот од од 28.02 – до 06.03.2022 година, како и кумулативната состојба со КОВИД-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по...

Во последните 24 часа регистрирани се 168 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.708 – Оздравени се 90 пациенти – Нема починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 168 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.708 – Оздравени се 90 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 91, Битола – 12, Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10, Велес – 9,...

Регистрирани се 180 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.540 – Оздравени се 153 пациенти – Нема починати лица

Регистрирани се 180 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.540 – Оздравени се 153 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.06 до 26.06.2022): Направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово –...