fbpx

Извештај на ИЈЗ од 31.01.2022 до 06.02.2022 година

Објавено на: 08.02.2022 | 14:02
Категории: Featured | Соопштенија

Регистрирани сe 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2% во однос на минатата недела (n=11.910). Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31.01.2022 до 06.02. 2022г. ,тестирани се вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.300; 53,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.069,1/100.000. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.455, 24,6%) и 30-39г (n=2.004, 20,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=312; 3,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9% кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9г со 21,4% и над 10-19г со 16,5% зголемување во однос на претходната недела.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0% во однос на претходната недела.
Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (51). Во однос на возраста, најголем број (n=137; 93,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7), 40-49 години (1) и 30-39 години (2).

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД-19. Заклучно со 06.02.2022, вакцинирани се вкупно 867.529 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство . Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза се вакцинирани 132.488 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со КОВИД-19 за периодот од од 31.01 – до 06.02.2022г, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Регистрирани се 590 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 336.041 – Оздравени се 583 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Регистрирани се 590 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 336.041 – Оздравени се 583 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23,...

Во последните 72 часа регистрирани се 889 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 335.451 – Оздравени се 1.228 пациенти – Пријавени се 10 починати лица

Во последните 72 часа регистрирани се 889 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 335.451 – Оздравени се 1.228 пациенти – Пријавени се 10 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022): Направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци –...

Во последните 24 часа регистрирани се 619 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 334.562 – Оздравени се 803 пациенти – Пријавени се 4 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 619 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 334.562 – Оздравени се 803 пациенти – Пријавени се 4 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.253 тестови, а регистрирани се нови 619 случаи на КОВИД-19: Скопје – 265, Битола – 41, Охрид – 32, Куманово – 31, Велес и Струмица – по...