fbpx

81% од моментално хоспитализираните со КОВИД-19 и 78% од починатите се невакцинирани

Објавено на: 14.01.2022 | 14:01
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август 2021 година заклучно со 13 јануари 2022 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.


Во период од 06.08.2021 до 13.01.2022 година на територија на државата, 85.593 граѓани се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 37% биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 340 лица, a од нив 19% се вакцинирани, 81% не се вакцинирани. Изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден, од болница.


Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08.2021 до 13.01.2022 година, 78% од починатите лица со КОВИД-19, биле невакцинирани, а само 22% примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.


Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARSKоV2.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 86 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.199 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Денес се регистрирани 86 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.199 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2,...

Денес се регистрирани 76 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.113 – Оздравени се 73 пациенти- Пријавени се 3 починати лица

Денес се регистрирани 76 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.113 – Оздравени се 73 пациенти- Пријавени се 3 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово,...

Денес се регистрирани 96 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.038 – Оздравени се 88 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 96 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.038 – Оздравени се 88 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид –...