fbpx

67% од новите случаи со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 31.12.2021 | 13:12
Категории: Featured | Известувања

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 30 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 30.12.2021 на територија на државата 69.242 граѓанин, се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 22.996 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6.08 до 30.12.2021 на територија на државата починале 2447 лица со КОВИД-19, 1913 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 22% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Регистрирани се 590 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 336.041 – Оздравени се 583 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Регистрирани се 590 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 336.041 – Оздравени се 583 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23,...

Во последните 72 часа регистрирани се 889 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 335.451 – Оздравени се 1.228 пациенти – Пријавени се 10 починати лица

Во последните 72 часа регистрирани се 889 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 335.451 – Оздравени се 1.228 пациенти – Пријавени се 10 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022): Направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци –...

Во последните 24 часа регистрирани се 619 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 334.562 – Оздравени се 803 пациенти – Пријавени се 4 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 619 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 334.562 – Оздравени се 803 пациенти – Пријавени се 4 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.253 тестови, а регистрирани се нови 619 случаи на КОВИД-19: Скопје – 265, Битола – 41, Охрид – 32, Куманово – 31, Велес и Струмица – по...