fbpx

МЗ: 67% од новите случаи и 98% од хоспитализираните, со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 17.12.2021 | 12:12
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 06 август заклучно со 16 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 16.12.2021 на територија на државата 64.963 граѓанин, се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистика за изминативе недели, 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со КОВИД-19, 1790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 1.348 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 244.632 – Оздравени се 784 пациенти – Пријавени се 8 починати лица изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 1.348 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 244.632 – Оздравени се 784 пациенти – Пријавени се 8 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица...

Денес се регистрирани 1.635 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 243.284 – Оздравени се 1.276 пациенти – Пријавени се 9 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 7.564 тестови, а регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78, Кичево – 47,...

Денес се регистрирани 1.732 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 241.651 – Оздравени се 1.035 пациенти – Пријавени се 7 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57,...