fbpx

69% од позитивните со КОВИД-19 и 79% од починатите се невакцинирани

Објавено на: 03.12.2021 | 15:12
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19 во период од 6 август заклучно со 2 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 02.12.2021 на територија на државата, 60.772 граѓанин се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистиката за изминативе месеци, 41.747 граѓани, односно 69% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 06.08 до 02.12.2021 од вкупниот број починати со КОВИД-19, 79% биле невакцинирани, а 21% примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 1.348 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 244.632 – Оздравени се 784 пациенти – Пријавени се 8 починати лица изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 1.348 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 244.632 – Оздравени се 784 пациенти – Пријавени се 8 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица...

Денес се регистрирани 1.732 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 241.651 – Оздравени се 1.035 пациенти – Пријавени се 7 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57,...

81% од моментално хоспитализираните со КОВИД-19 и 78% од починатите се невакцинирани

81% од моментално хоспитализираните со КОВИД-19 и 78% од починатите се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август 2021 година заклучно со 13 јануари 2022 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од...