fbpx

69% од новите случаи со КОВИД-19 се невакцинирани, од 468 хоспитализирани, 377 се невакцинирани

Објавено на: 26.11.2021 | 11:11
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 25 ноември 2021 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 25.11.2021 на територија на државата 58.276 граѓанин, се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 17.896 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистика за изминативе месеци, 40.380, граѓани, односно 69% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од 468 моментално хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 25.11.2021 на територија на државата починале 1.986 пациенти со КОВИД- 19, 1.571 пациенти од починатите, односно 79% не биле вакцинирани, а 21%, односно 415 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денес се регистрирани 83 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 310.942 – Оздравени се 79 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Денес се регистрирани 83 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 310.942 – Оздравени се 79 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.430 тестови, а регистрирани се 83 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 45, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар – по 3,...

Регистрирани се 176 нови лабораториски случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со  изнесува 310.859 – Оздравени се 275 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Регистрирани се 176 нови лабораториски случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 310.859 – Оздравени се 275 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022): Направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 106, Битола – 26, Прилеп – 7, Штип и Ресен...

Денес се регистрирани 89 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 310.684 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Денес се регистрирани 89 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 310.684 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направен е 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 59, Битола – 7, Кавадарци – 4, Охрид и Делчево – по 3, Куманово ,Прилеп...