fbpx

Донација на 200.070 Фајзер вакцини од Полска за Северна Македонија

Објавено на: 19.11.2021 | 17:11
Категории: Featured | Соопштенија

Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со првата дама на Република Полска, Агата Корнхаузер-Дуда и првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска го посети Институтот за трансфузиона медицина, кадешто се складирани 200.070 вакцини од производителот „Фајзер/Бионтек“ кои Република Полска ги донираше на Република Северна Македонија.

„Во последните месеци живееме во натпросечно тешка ситуација предизвикана од коронавирусот, непријател кој ги напаѓа народите во целиот свет. Во тој контекст, сметам дека меѓународната соработка е од особена важност, бидејќи само со помош на меѓународната соработка можеме да се бориме со овој непријател. Ме радува тоа што за време на оваа официјална посета на Северна Македонија можам да предадам 200 илјади дози вакцини од производителот Фајзер, како донација за македонскиот народ“, изјави првата дама на Република Полска, Агата Корнхаузер-Дуда, упатувајќи апел за сите оние кои не се вакцинирани, да го дадат својот придонес за постигнување на колективен имунитет и да се вакцинираат.

Првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, истакна дека оваа донација е уште една потврда за пријателството меѓу македонскиот и полскиот народ, но и чин на солидарност којшто ни е неопходен за време на оваа глобална криза.

„Во изминативе две години, верувам дека секој од нас имал некој во своја близина кој бил болен од КОВИД-19. Верувам и дека голем број од нас загубија блиски луѓе, роднини, пријатели. Затоа, сметам дека со оглед на сите податоци коишто постојат и ни се достапни, само вакцината е единствен излез од оваа ситуација. Би сакала да ги охрабрам сите кои немаат примено вакцина, заради себе, заради нивните блиски и заради сите во околината да ја примат што побрзо, бидејќи повторно се соочуваме со голем број заболени секојдневно. Само со вакцинацијата, односно со масовната имунизација ќе постигнеме излез од оваа криза“, рече таа.

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека овие две години покажале колку всушност се важни помошта и солидарноста од другите земји, истакнувајќи дека Полска е меѓу првите земји коишто го најавиле механизмот на солидарност и донација на вакцини.

„Со оваа значајна количина од 200 илјади вакцини од производителот Фајзер, нашите количини во овој момент практично се дуплираат, односно имаме вкупно 470 илјади вакцини. Ова е сосема доволно за краток временски период, согласно новите мерки кои верувам дека Владата ќе ги усвои, граѓаните да се вакцинираат и да спречат повторно да растат бројките и повторно да се соочиме со голем број заболени, а со тоа да се оптоварат болничките капацитети“, изјави Филипче.

„Верувам дека граѓаните ќе сфатат дека сите овие мерки кои не е лесно да се препорачаат, се неопходни да го заштитиме здравствениот систем, да ги заштитиме здравствените работници кои неуморно скоро две години, интензивно, без прекин работат деноноќно, а ние пренаменуваме други одделенија во ковид центри, со цел да се заштити и државата и здравствениот систем“, заврши тој.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 419 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 218.194 – Оздравени се 211 пациенти – пријавени се 8 починати лица во изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 419 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 218.194 – Оздравени се 211 пациенти – пријавени се 8 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27,...

Денес се регистрирани 375 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.775 – Оздравени се 507 пациенти – пријавени се 9 починати лица изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 375 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.775 – Оздравени се 507 пациенти – пријавени се 9 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13,...

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово,...