fbpx

69% од новите случаи и 80% од починатите со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 19.11.2021 | 13:11
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 18 ноември 2021 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 18.11.2021, на територија на државата 53.682 граѓанин се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 16.702 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистиката за изминативе месеци, 36.980 граѓани, односно 69% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од моментално 534 хоспитализирани пациенти, 123 се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 18.11.2021 на територија на државата од вкупниот број починати, 80% биле невакцинирани, а 20% од починатите примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 419 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 218.194 – Оздравени се 211 пациенти – пријавени се 8 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27,...

Денес се регистрирани 375 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.775 – Оздравени се 507 пациенти – пријавени се 9 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13,...

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово,...