fbpx

Филипче: Нови предлог мерки за невакцинираните вработени во јавниот сектор и здравствени работници

Објавено на: 17.11.2021 | 11:11
Категории: Featured | Соопштенија

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука за нови мерки, која ќе биде предложена до Владата на Република Северна Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека оваа одлука е донесена со консензус, од страна на сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел да се намали евентуалниот притисок врз болниците, како што кажа тој, потребно е болниците да работат за сите граѓани, не само за Ковид позитивните пациенти.

Сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе приложат потврда за прележан КОВИД-19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат – соопшти министерот Филипче.

Комисијата за заразни болести препорача и вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките денес предложени да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата за да граѓаните имаат време да се вакцинираат и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сеуште невакцинирани. Министерот Филипче изјави дека препораките се до овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

Бараме да се ажурура процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, користејќи ги електорнските алатки на европските сертификати преку апликација којашто го прикажува вистинскиот QR код и ја контролира неговата валидност. Ова е мерка со којашто очекуваме значајно да се зголеми опфатот со вакцинацијата – изјави министерот Филипче.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Регистрирани се 193 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 314.211 – Оздравени се 97 пациенти – Пријавени се две починати лица

Регистрирани се 193 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 314.211 – Оздравени се 97 пациенти – Пријавени се две починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар...

Во последните 24 часа регистрирани се 163 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 314.018 – Оздравени се 110 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 163 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 314.018 – Оздравени се 110 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 85, Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Куманово – 8,...

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по...