fbpx

72% од новите случаи и 78% од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 05.11.2021 | 11:11
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 4 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 04.11.2021 на територија на државата 48.955 граѓанин се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 28% биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистиката за изминативе два месеци, 35.069 граѓани, односно 72% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78%, додека само 22% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 04.11.2021 на територија на државата починале 1.688 пациенти со КОВИД-19, 1.376 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 312 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Во последните 24 часа регистрирани се 60 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.252 – Оздравени се 14 пациенти – Нема починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 60 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.252 – Оздравени се 14 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 777 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 52, Охрид – 13, Битола, Кавадарци и Штип – по 4, Прилеп – 3,...

Регистрирани се 110 нови позитивени случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.160 – Оздравени се 42 пациенти – Нема починати лица

Регистрирани се 110 нови позитивени случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.160 – Оздравени се 42 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 894 тестови, а регистрирани се 110 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 72, Битола – 8, Куманово – 6, Кавадарци, Штип и Неготино – по 4,...

Регистриран е 91 нов позитивен случај на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.050 – Оздравени се 67 пациенти – Нема починати лица

Регистриран е 91 нов позитивен случај на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.050 – Оздравени се 67 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 65, Куманово - 8, Битола – 6, Охрид – 4, Прилеп и Кавадарци – по 2,...