fbpx

Прв пресек oд скрининг во училиштата од 1323 тестирани само 6 ученици позитивни на КОВИД-19

Објавено на: 04.11.2021 | 13:11
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство информира дека во тек е скринингот на учениците од основните и средни училишта во Република Северна Македонија. Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава.

Министерството за здравство ги објавува досега обработените податоци, од спроведениот скрининг во првите денови. Од тестирани 1.323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1-во до 9-то одделение, а 598 се средношколци. Од нив, само 6 основци биле позитивни на КОВИД-19, а 1.317 ученици биле негативни на тестот. Центрите за јавно здравје при детектирање на позитивен ученик, постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците, Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот КОВИД-19 меѓу учениците во училиштата.

Министерството за здравство информира дека во моментов во Северна Македонија, 885 деца на возраст од 0-17 години се активни, а 15 се позитивни на КОВИД-19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Според податоците од националниот систем Мој Термин, досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за КОВИД-19, а ревакцинирани се 4.860 малолетници.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 86 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.199 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Денес се регистрирани 86 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.199 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2,...

Денес се регистрирани 76 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.113 – Оздравени се 73 пациенти- Пријавени се 3 починати лица

Денес се регистрирани 76 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.113 – Оздравени се 73 пациенти- Пријавени се 3 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово,...

Денес се регистрирани 96 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.038 – Оздравени се 88 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 96 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.038 – Оздравени се 88 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид –...