fbpx

75% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 15.10.2021 | 12:10
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 14 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 14.10.2021 на територија на државата, 40.208 граѓанин се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 25% биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистиката за изминативе два месеци, 30.142 граѓани, односно 74,9% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6.08 до 14.10.2021 на територија на државата починале 1.382 пациенти со КОВИД-19, 1.149 пациенти од починатите, односно 83% не биле вакцинирани, а само 17%, односно 233 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинацијата, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 419 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 218.194 – Оздравени се 211 пациенти – пријавени се 8 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27,...

Денес се регистрирани 375 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.775 – Оздравени се 507 пациенти – пријавени се 9 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13,...

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово,...