fbpx

Во скринингот за КОВИД-19 опфатени се 364 основни и 109 средни училишта, важно е родителите да го поддржат тестирањето

Објавено на: 14.10.2021 | 14:10
Категории: Featured | Соопштенија

Во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од КОВИД-19 во основните и средни училишта во Република Северна Македонија, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамки на 80 општини и градот Скопје.

По претходно добиена писмена согласност од страна на родителите или старателите на учениците, тестирањата, кои ќе започнат од следната недела, ќе опфатат вкупно 364 основни и 109 средни училишта ширум државата. Собирањето на согласности за тестирање на учениците во училиштата започна oд денеска.

Министерството за здравство скринингот во училиштата ќе го реализира по извршен случаен избор на ученици, а тестирањето ќе го прават здравствени работници, кои ќе ги тестираат учениците во самите училишта, во просторија одредена од страна на училиштето. Тестирањето, трае помалку од една минута, истото е безболно и безбедно, и е како секое земање брис од грло или носна шуплина.

Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на вирусот КОВИД-19, односно дали истиот се шири низ училиштата и каква е трансмисијата. Најмногу тестирања ќе бидат спроведени во општините Тетово – 546, Куманово – 489, Битола – 378, Прилеп – 309 и Гостивар – 296. Додека пак, во рамки на училиштата на општините и градот Скопје, скринингот ќе опфати 766 ученици.

Министерството за здравство апелира до родителите и старателите, да дозволат учениците да учествуваат во превентивното тестирање, со цел да се добијат релевантни податоци за трансмисијата на КОВИД-19 низ училиштата, како и да се утврдат асимптоматските случаи кај учениците и средношколците. Со давањето поддршка на скринингот, значајно ќе се придонесе да се добијат релевантни податоци базирани на докази, кои ќе овозможат натамошно носење на соодветни одлуки од интерес на децата и учениците. Тоа ќе овозможи побезбедно одвивање на наставата како и поголема заштита на здравјето на учениците.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 419 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 218.194 – Оздравени се 211 пациенти – пријавени се 8 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27,...

Денес се регистрирани 375 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.775 – Оздравени се 507 пациенти – пријавени се 9 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13,...

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово,...