fbpx

76% од новите случаи и 81% од хоспитализираните, со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 08.10.2021 | 14:10
Категории: Featured | Известувања

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 7 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 7.10.2021 на територија на државата 38.019 граѓанин, се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 24% биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистика за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81%, додека само 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 7.10.2021 на територија на државата починале 1277 пациенти со КОВИД-19, 1070 пациенти од починатите,односно 84% не биле вакцинирани, а само 16%, односно 207 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 413 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 196.376 – Оздравени се 309 пациенти – пријавени се 9 починати лица

Денес се регистрирани 413 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 196.376 – Оздравени се 309 пациенти – пријавени се 9 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип –...

Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 14 октомври вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, ревакцинирани се 758.001, а...

75% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

75% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 14 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза...