fbpx

77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 01.10.2021 | 11:10
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 06 август заклучно со 30 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата 35.531 граѓанин од тестираните, се позитивни на КОВИД-19, од нив 23% биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистика за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 30.09.2021 на територија на државата починале 1162 лица со КОВИД-19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 15% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Главниот кризен КОВИД-19 штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари

Главниот кризен КОВИД-19 штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари

Денеска, 17.01.2022 година со почеток во 20:00 часот се одржа првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Седницата ја водеше премиерот Ковачевски, а на истата присуствуваше и претседателот на...

Денес се регистрирани 766 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 245.398 – Оздравени се 486 пациенти – Пријавени се 12 починати лица изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 766 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 245.398 – Оздравени се 486 пациенти – Пријавени се 12 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.748 тестови, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 521, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20,...

Денес се регистрирани 1.348 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 244.632 – Оздравени се 784 пациенти – Пријавени се 8 починати лица изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 1.348 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 244.632 – Оздравени се 784 пациенти – Пријавени се 8 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица...