fbpx

Од денеска трета доза вакцина, без закажување термин, на сите вакцинални пунктови во државата

Објавено на: 27.09.2021 | 11:09
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска, со трета доза вакцина може да се вакцинираат здравствените работници, граѓаните над 60 години, и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена сстојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина.

Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава. Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем Мој Термин. Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози.

Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денес се регистрирани 151 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.350 – Оздравени се 184 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 151 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.350 – Оздравени се 184 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 20.05 до 22.05.2022): Направени се 2.780 тестови, а регистрирани се 151 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 95, Битола – 18, Охрид – 8, Куманово и...

Денес се регистрирани 86 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со  изнесува 311.199 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Денес се регистрирани 86 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.199 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2,...

Денес се регистрирани 76 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со  изнесува 311.113 – Оздравени се 73 пациенти- Пријавени се 3 починати лица

Денес се регистрирани 76 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.113 – Оздравени се 73 пациенти- Пријавени се 3 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово,...