fbpx

Пристигнаа вакцините Фајзер, донација од Република Бугарија

Објавено на: 17.09.2021 | 14:09
Категории: Featured | Соопштенија

Синоќа, во 21 часот, во нашата земја пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од соседна Република Бугарија. Веднаш по пристигнувањето, 30.000 вакцини беа дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата, со цел да се обезбеди непречен процес на имунизација на населението.

Иако рокот на важност на вакцините е до 30. септември, со постоечката дневна динамика на вакцинација, донираните вакцини ќе бидат употребени далеку пред истекување на овој рок.

Благодарност до Владата на Република Бугарија за оваа донација, која претставува гест на солидарност и уште една потврда за успешната соработка меѓу институциите на двете земји во справување со КОВИД-кризата.

Инаку, препорачана возраст за имунизација со вакцината „Фајзер-Бионтек“ е над 12 години.

Вакцинацијата во Република Северна Македонија се одвива непречено, на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 413 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 196.376 – Оздравени се 309 пациенти – пријавени се 9 починати лица

Денес се регистрирани 413 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 196.376 – Оздравени се 309 пациенти – пријавени се 9 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип –...

Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 14 октомври вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, ревакцинирани се 758.001, а...

75% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

75% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со КОВИД-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 6 август заклучно со 14 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза...