fbpx

80% од новите случаи и 84% од хоспитализираните, со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 10.09.2021 | 14:09
Категории: Featured | Известувања

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 06 август заклучно со 9 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 09.09.2021 на територија на државата 26.053 граѓани, се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 19% биле целосно вакцинирани, односно 5175 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на КОВИД-19не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84%, додека само 16% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со КОВИД-19, 591 пациент (87%) од починатите не биле вакцинирани, а само 87 (12%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денес се регистрирани 419 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 218.194 – Оздравени се 211 пациенти –  пријавени се 8 починати лица  во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27,...

Денес се регистрирани 375 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.775 – Оздравени се 507 пациенти – пријавени се 9 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13,...

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово,...