fbpx

80% од новите случаи и 84% од хоспитализираните, со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 10.09.2021 | 14:09
Категории: Featured | Известувања

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 06 август заклучно со 9 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 09.09.2021 на територија на државата 26.053 граѓани, се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 19% биле целосно вакцинирани, односно 5175 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на КОВИД-19не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84%, додека само 16% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со КОВИД-19, 591 пациент (87%) од починатите не биле вакцинирани, а само 87 (12%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија – го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

На денешната владина седница донесен е Петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди...

Последна седница

Од 69-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Во последните 24 часа регистрирани се 693 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 333.360 – Оздравени се 827 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 693 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 333.360 – Оздравени се 827 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови, а регистрирани се нови 693 случаи на КОВИД-19: Скопје – 255, Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32,...

Во последните 24 часа регистрирани се 679 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 332.667 – Оздравен е 291 пациент – Нема пријавено починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 679 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 332.667 – Оздравен е 291 пациент – Нема пријавено починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.537 тестови, а регистрирани се нови 679 случаи на КОВИД-19: Скопје – 273, Битола – 59, Oхрид – 38, Кавадарци – 37, Куманово – 35,...

Во последните 24 часа регистрирани се 739 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 330.775 – Оздравени се 659 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Во последните 24 часа регистрирани се 739 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 330.775 – Оздравени се 659 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.570 тестови, а регистрирани се нови 739 случаи на КОВИД-19: Скопје – 262, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35,...