fbpx

80% од новите случаи и 84% од хоспитализираните, со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 10.09.2021 | 14:09
Категории: Featured | Известувања

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 06 август заклучно со 9 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 09.09.2021 на територија на државата 26.053 граѓани, се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 19% биле целосно вакцинирани, односно 5175 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на КОВИД-19не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84%, додека само 16% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со КОВИД-19, 591 пациент (87%) од починатите не биле вакцинирани, а само 87 (12%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Заев: Да се исправиме најсериозно и најодговорно и да се заштитиме себеси, нашите најблиски и да им помогнеме на здравствените работници да спасуваат животи

Заев: Да се исправиме најсериозно и најодговорно и да се заштитиме себеси, нашите најблиски и да им помогнеме на здравствените работници да спасуваат животи

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев на прес-конференција информираше за актуелната состојба со пандемијата со КОВИД-19 во земјата и во регионот и информираше за неопходноста на дополнителните рестриктивни мерки во насока на спречувањето на...

Последна седница

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Во последните 24 часа регистрирани се 815 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 328.995 – Оздравени се 1.252 пациенти – Пријавени се 4 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 815 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 328.995 – Оздравени се 1.252 пациенти – Пријавени се 4 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи на КОВИД-19: Скопје – 320, Битола – 63, Куманово – 48, Тетово – 44, Кавдарци – 36,...

Регистриран се 1.171 нов позитивен случај на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 328.180 – Оздравени се 1.390 пациенти – Пријавени се 3 починати лица

Регистриран се 1.171 нов позитивен случај на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 328.180 – Оздравени се 1.390 пациенти – Пријавени се 3 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 29.07 до 31.07.2022): Направени се 2.631 тестови, а регистриран е 1.171 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 485, Битола – 87, Кавадарци – 78, Прилеп –...

Регистрирани се 855 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 327.009 – Оздравени се 683 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Регистрирани се 855 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 327.009 – Оздравени се 683 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.602 тестови, а регистрирани се нови 855 случаи на КОВИД-19: Скопје – 347, Битола – 77, Куманово – 55, Тетово – 45, Прилеп – 43,...