fbpx

80% од новите случаи и 84% од хоспитализираните, со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 10.09.2021 | 14:09
Категории: Featured | Известувања

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 06 август заклучно со 9 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 09.09.2021 на територија на државата 26.053 граѓани, се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 19% биле целосно вакцинирани, односно 5175 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на КОВИД-19не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84%, додека само 16% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со КОВИД-19, 591 пациент (87%) од починатите не биле вакцинирани, а само 87 (12%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспитализациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што е показател дека мерките ги...

Последна седница

Од 97-мата седница: Зајакнати контроли за постоечките КОВИД-19 мерки, а од 16 август целосно се забрануваат секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено; Од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено;

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки: До 15...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Во последните 24 часа регистрирани се 491 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 337.040 – Оздравени се 595 пациенти – Пријавени се 8 починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 491 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 337.040 – Оздравени се 595 пациенти – Пријавени се 8 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на КОВИД-19: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци...

Регистрирани се 521 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 336.560 – Оздравени се 485 пациенти – Пријавени се 3 починати лица

Регистрирани се 521 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 336.560 – Оздравени се 485 пациенти – Пријавени се 3 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19: Скопје – 201, Битола – 36, Куманово – 28, Охрид – 27, Кавдарци – 23, Велес...

Регистрирани се 590 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 336.041 – Оздравени се 583 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Регистрирани се 590 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 336.041 – Оздравени се 583 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на КОВИД-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23,...