fbpx

83% од новите случаи и 87% од хоспитализираните, со КОВИД-19 се невакцинирани

Објавено на: 03.09.2021 | 12:09
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19, во период од 06 август заклучно со 2 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 02.09.2021 на територија на државата 22.416 граѓанин, се позитивни од тестирани на КОВИД-19, од нив 18% биле целосно вакцинирани, односно 4191 лице. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД-19. Според статистика за изминативе четири недели, 18.225 граѓани, односно дури 81% од позитивните на КОВИД-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87%, додека само 13% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од четири седмици на територија на државата починале 480 лица со КОВИД-19, 429 пациенти (89%) од починатите не биле вакцинирани, а само 51 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 526 позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани e 188.635 – Оздравени се 830 пациенти – пријавени се 28 починати лица

Денес се регистрирани 526 позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани e 188.635 – Оздравени се 830 пациенти – пријавени се 28 починати лица

Направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 245, Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и...

Скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта

Скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта

Најголем дел од младите, вирусот КОВИД-19 го поминуваат без симптоми, па според тоа истите се препознаени како трансмитери на вирусот. Засега, состојбата во училиштата е стабилна, но поради претпазливост и располагање со точни информации и сознанија во подготовка е...

Трета доза вакцина ќе примат сите постари од 60 години, здравствени работници и имунокомпромитирани пациенти

Трета доза вакцина ќе примат сите постари од 60 години, здравствени работници и имунокомпромитирани пациенти

Согласно препораките на Американска агенција за лекови и ЕМА, како и анализите на кои се работеше во изминатиот период за тоа кои лица треба да примат трета доза вакцина, Комитетот за имунизација донесе одлука околу трета бустер доза. Сите граѓани постари од 60...