fbpx

Шахпаска: Безбедни градинки за безбедна иднина на нашите најмали, вакцинирајте се​

Објавено на: 01.09.2021 | 14:09
Категории: Featured | Соопштенија

Денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја посети детската градинка „Сончоглед“, клон на ЈДГ „Весели цветови“ во скопската Општина Кисела Вода. На првиот ден од месец септември кога бројот на децата во градинките се зголемува, министерката апелираше за важноста од почитувањето на здравствените протоколи во време на пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Таа нагласи дека состојбата во градинките е стабилна.

Министерката Шахпаска порача дека Владата и Министерство за труд и социјална политика продолжуваат да се грижат за здравјето на нашите најмали бидејќи децата се нашето непроценливо богатство.
„Со оглед на фактот што од први септември се зголемува и бројот на деца присутни во градинките, денес сме во посета на клонот „Сончоглед“ во склоп на градинката „Весели цветови“ во Општина Кисела Вода. Јас сакам да споделам со граѓаните дека согласно последниот пресек 71% од вработените во градинките се веќе вакцинирани. Меѓутоа кога говориме за процентот на вакцинирани негователи и воспитувачи, овој број е уште поголем. Апелирам до сите вработени да пристапат кон процесот на вакцинација затоа што преку грижа за личниот имунитет тие придонесуваат за колективниот имунитет и пред се за грижата за нашите најмлади, односно децата сместени во детските градинки“, рече Шахпаска.

Таа потенцираше дека во насока на обезбедување на што поголема здравствена сигурност, вработените во детските градинки треба да го почитуваат Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот, како основна алатка за непречено функционирање на детските градинки. Во таа насока МТСП организираше и он-лајн средба меѓу вработените во градинките со докторите Жарко Караџовски, Кристина Ставридис и Сузана Маневска на која беа расчистени сите дилеми кои ги мачат вработените во врска во имунизацијата.

При посетата, министерката Шахпаска беше информирана дека до почетокот на новата грејна сезона клонот „Сончоглед“ со капацитет за 180 деца ќе има нова енергетска фасада. Реконструкцијата е во соработка меѓу Општината Кисела Вода и компанијата УСЈЕ. Ова е пример на добра соработка во интерес за подобро згрижување на децата, рече Шахпаска.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 86 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.199 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Денес се регистрирани 86 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.199 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2,...

Денес се регистрирани 76 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.113 – Оздравени се 73 пациенти- Пријавени се 3 починати лица

Денес се регистрирани 76 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.113 – Оздравени се 73 пациенти- Пријавени се 3 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово,...

Денес се регистрирани 96 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.038 – Оздравени се 88 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 96 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.038 – Оздравени се 88 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид –...