fbpx

Препораки на Националниот комитет за имунизација

Објавено на: 19.08.2021 | 12:08
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја информира јавноста за препораките на Националниот комитет за имунизација:

  • Стручните препораки во однос на имунизација против КОВИД-19 се дефинираат водејќи се од потврдени и прифатени податоци и докази кои потекнуваат од здравствените организации одговорни за следење на инфективните болести како Европскиот и Американскиот Центар за инфективни заболувања (CDC и ECDC), од регураторните медициски агенции ЕМА и ФДА и од СЗО. Препораките од сите овиe организации е дека за комплетна имунизација против КОВИД-19 потребно е добивање на две дози (со исклучок на вакцината на Ј&J која се прима само во една доза) во дефиниран интервал, 14 дена по примање на втората доза. Во однос на типот на вакцините, потребно е имунизација да се изведе со вакцина од ист прозводител, освен доколку не постои здравствена контраиндикација за истото;
  • Прележувањето на КОВИД-19 не преставува пречка за вакцинација и лицата кои ја имаат прележано болеста треба да се вакцинираат. Имунитетот кој се создава по прележување на болеста како и самиот тек на болеста е индивидуален и може да биде комплетно асимтоматски со постигнување на послаб имунитет, до тешки облици и компликации од болеста и состојби на т.н пролонгиран КОВИД-19;
  • Временскиот период од прележување на болеста до вакцинација е најмалку од месец дена. Одредување на нивото на антитела не се препорачува и нема влијание врз вакцинацијата;
  • Кај лицата кај кои во тек на лекувањето дадена е терапија со моноклонални антитела или конвалесцентна плазма, вакцинацијата може најрано да биде по 3 месеци од терапијата и комплетно оздравени од болеста;
  • Кај лицата кои во периодот меѓу примање на двете дози од вакцината против КОВИД-19 се потврди дека се позитивни, втората доза на вакцината се одложува до период кога лицето ќе биде комплетно оздравено од болеста;
  • Одредени научни истражувања кои се уште се лимитирани упатуваат дека кај прележаните лица со КОВИД-19 можно е да е потребна само една доза на вакцина. Сепак бидејќи нема точни податоци колкава заштита обезбедува само една доза на вакцина, овој став не е прифатен од релевантните здравствени регулаторни тела;
  • Лицата кои се комплетно имунизирани (со две дози од вакцината против КОВИД-19, по поминати 14 дена од втората доза) мали се шансите при контакт на вирусот да се инфицираат и да бидат позитивни, но тие се со полесни симптоми на болеста. Вакцината обезбедува заштита од развој на тешки облици на болеста и смртност. Податоците покажуваат дека кај лицата кои се вакцинирани доколку се развијат симптоми, болеста минува многу поедноставно и без тешка клиничка слика;
  • Епидемиолошките податоци на светско ниво покажуваат дека болеста се шири и доаѓа до заболување на лицата кои не се вакцинирани, а во овој бран доминантно тоа се младите лица како популација, кај кои процентот на вакцинација е најнизок.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со  изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по...

Во последните 24 часа регистрирани се 168 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.708 – Оздравени се 90 пациенти – Нема починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 168 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.708 – Оздравени се 90 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 91, Битола – 12, Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10, Велес – 9,...

Регистрирани се 180 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.540 – Оздравени се 153 пациенти – Нема починати лица

Регистрирани се 180 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.540 – Оздравени се 153 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.06 до 26.06.2022): Направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово –...