fbpx

Препораки на Националниот комитет за имунизација

Објавено на: 19.08.2021 | 12:08
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство ја информира јавноста за препораките на Националниот комитет за имунизација:

  • Стручните препораки во однос на имунизација против КОВИД-19 се дефинираат водејќи се од потврдени и прифатени податоци и докази кои потекнуваат од здравствените организации одговорни за следење на инфективните болести како Европскиот и Американскиот Центар за инфективни заболувања (CDC и ECDC), од регураторните медициски агенции ЕМА и ФДА и од СЗО. Препораките од сите овиe организации е дека за комплетна имунизација против КОВИД-19 потребно е добивање на две дози (со исклучок на вакцината на Ј&J која се прима само во една доза) во дефиниран интервал, 14 дена по примање на втората доза. Во однос на типот на вакцините, потребно е имунизација да се изведе со вакцина од ист прозводител, освен доколку не постои здравствена контраиндикација за истото;
  • Прележувањето на КОВИД-19 не преставува пречка за вакцинација и лицата кои ја имаат прележано болеста треба да се вакцинираат. Имунитетот кој се создава по прележување на болеста како и самиот тек на болеста е индивидуален и може да биде комплетно асимтоматски со постигнување на послаб имунитет, до тешки облици и компликации од болеста и состојби на т.н пролонгиран КОВИД-19;
  • Временскиот период од прележување на болеста до вакцинација е најмалку од месец дена. Одредување на нивото на антитела не се препорачува и нема влијание врз вакцинацијата;
  • Кај лицата кај кои во тек на лекувањето дадена е терапија со моноклонални антитела или конвалесцентна плазма, вакцинацијата може најрано да биде по 3 месеци од терапијата и комплетно оздравени од болеста;
  • Кај лицата кои во периодот меѓу примање на двете дози од вакцината против КОВИД-19 се потврди дека се позитивни, втората доза на вакцината се одложува до период кога лицето ќе биде комплетно оздравено од болеста;
  • Одредени научни истражувања кои се уште се лимитирани упатуваат дека кај прележаните лица со КОВИД-19 можно е да е потребна само една доза на вакцина. Сепак бидејќи нема точни податоци колкава заштита обезбедува само една доза на вакцина, овој став не е прифатен од релевантните здравствени регулаторни тела;
  • Лицата кои се комплетно имунизирани (со две дози од вакцината против КОВИД-19, по поминати 14 дена од втората доза) мали се шансите при контакт на вирусот да се инфицираат и да бидат позитивни, но тие се со полесни симптоми на болеста. Вакцината обезбедува заштита од развој на тешки облици на болеста и смртност. Податоците покажуваат дека кај лицата кои се вакцинирани доколку се развијат симптоми, болеста минува многу поедноставно и без тешка клиничка слика;
  • Епидемиолошките податоци на светско ниво покажуваат дека болеста се шири и доаѓа до заболување на лицата кои не се вакцинирани, а во овој бран доминантно тоа се младите лица како популација, кај кои процентот на вакцинација е најнизок.

Последна прес-конференција

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспитализациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што е показател дека мерките ги...

Последна седница

Од 97-мата седница: Зајакнати контроли за постоечките КОВИД-19 мерки, а од 16 август целосно се забрануваат секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено; Од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено;

Од 97-мата седница: Зајакнати контроли за постоечките КОВИД-19 мерки, а од 16 август целосно се забрануваат секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено; Од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено;

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки: До 15...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Регистриран е 91 нов позитивен случај на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.050 – Оздравени се 67 пациенти – Нема починати лица

Регистриран е 91 нов позитивен случај на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.050 – Оздравени се 67 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.067 тестови, а регистриран е 91 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 65, Куманово - 8, Битола – 6, Охрид – 4, Прилеп и Кавадарци – по 2,...

Регистрирани се 81 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 312.960 – Оздравени се 124 пациенти – Нема починати лица

Регистрирани се 81 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 312.960 – Оздравени се 124 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 17.06 до 19.06.2022): Направени се 1.972 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 53, Битола и Прилеп – по 5, Велес – 3,...

Денес се регистрирани 72 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 312.879 – Оздравени се 35 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Денес се регистрирани 72 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 312.879 – Оздравени се 35 пациенти – Пријавени се 2 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 772 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 40, Охрид - 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кавадарци, Струмица и Кичево...