fbpx

Европската Комисијa нашиот национален дигитален сертификат за вакцинација го прогласи за еквивалентен на сертификатот на ЕУ

Објавено на: 19.08.2021 | 14:08
Категории: Featured | Известувања

Министерството за здравство информира дека денеска Европската комисија го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Ние сме прва земја во регионот за која сертификатите за КОВИД-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против КОВИД-19 одобрени од ЕУ.

Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите за КОВИД-19 издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ за КОВИД-19,а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за КОВИД-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација.

Одлуката на Европската комисија е признание за Република Северна Македонија за преземените активни чекори од наша страна со правилата на ЕУ во оваа насока и потврда за автентичноста и валидноста на чекорите кои се преземаат со цел заштита на здравјето на нашите граѓани.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денес се регистрирани 109 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.701 – Оздравени се 91 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 109 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.701 – Оздравени се 91 пациенти – Нема пријавени починати лица

Почитувани, Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола - 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово...

Денес се регистрирани 108 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.592 – Оздравени се 77 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 108 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.592 – Оздравени се 77 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 70, Битола- 13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес,Гостивар,...

Денес се регистрирани 32 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.484 – Оздравени се 12 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 32 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.484 – Оздравени се 12 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1. Од вкупниот број на...