fbpx

Европската Комисијa нашиот национален дигитален сертификат за вакцинација го прогласи за еквивалентен на сертификатот на ЕУ

Објавено на: 19.08.2021 | 14:08
Категории: Featured | Известувања

Министерството за здравство информира дека денеска Европската комисија го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ. Ние сме прва земја во регионот за која сертификатите за КОВИД-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против КОВИД-19 одобрени од ЕУ.

Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите за КОВИД-19 издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за исти со Дигиталниот сертификат на ЕУ за КОВИД-19,а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ со сертификатот за КОВИД-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација.

Одлуката на Европската комисија е признание за Република Северна Македонија за преземените активни чекори од наша страна со правилата на ЕУ во оваа насока и потврда за автентичноста и валидноста на чекорите кои се преземаат со цел заштита на здравјето на нашите граѓани.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 97-мата седница: Зајакнати контроли за постоечките КОВИД-19 мерки, а од 16 август целосно се забрануваат секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено; Од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено;

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки: До 15...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денес се регистрирани 1.865 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 239.920 – Оздравени се 784 пациенти – Пријавени се 8 починати лица изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 1.865 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 239.920 – Оздравени се 784 пациенти – Пријавени се 8 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.173 тестови, а регистрирани се 1.865 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 871, Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60,...

Денес се регистрирани 1.822 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 238.061 – Оздравени се 668 пациенти – Пријавени се 3 починати лица изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 1.822 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 238.061 – Оздравени се 668 пациенти – Пријавени се 3 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 918, Битола – 198, Прилеп – 98, Куманово – 65, Кавадарци – 55,...

Денес се регистрирани 1964 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 236.241  – Оздравени се 998 пациенти – Пријавени се 7 починати лица изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 1964 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 236.241 – Оздравени се 998 пациенти – Пријавени се 7 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 1070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51,...