fbpx

Достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство

Објавено на: 04.08.2021 | 15:08
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифициран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација, со овој CommoPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните. За преземање на овој сертификат треба:

1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk
2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина
3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа
4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass
5) За да креаирате дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass„ oд Google Play Store/App Store
6) По симнување на апликацијата, истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD
7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотија да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скенирајте директно од хартија.

Министерството за здравство им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство, освен националниот сертификат со QR код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ. Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денес се регистрирани 109 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.701 – Оздравени се 91 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 109 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.701 – Оздравени се 91 пациенти – Нема пријавени починати лица

Почитувани, Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 77, Битола - 14, Охрид – 6, Прилеп – 3, Штип и Берово...

Денес се регистрирани 108 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.592 – Оздравени се 77 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 108 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.592 – Оздравени се 77 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 70, Битола- 13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес,Гостивар,...

Денес се регистрирани 32 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.484 – Оздравени се 12 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 32 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.484 – Оздравени се 12 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1. Од вкупниот број на...