fbpx

МЗ: КЗБ ја следи состојбата во Тетово по зголемениот број на заразени од тестирани

Објавено на: 13.07.2021 | 17:07
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство информира дека по зголемување на заразени од тестирани во Тетово и тетовскиот регион, во период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во Тетово и е во комуникација со локалниот центар за јавно здравје каде се анализираат сите овие случаи.

Според првичните информации, зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластери. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за контакти, како би можело да се спречи создавање на кластери околу двата постоечки.

Министерството за здравство апелира, граѓаните да соработуваат со епидемиолозите, одбивањето на соработка од страна на пациентите, прави потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, а тоа може да доведе до голем број заразени.

Засега радува фактот што од 65 активни случаи во Тетово, само 12 се со симптоми и нема хоспитализирани во ковид центарот во КБ Тетово.

Досега не е детектиран делта сој на СарсКов2, а кај лицата кај кои беше секвенциониран бразлискиот сој се ковид позитивни од јуни.

Министерството за здравство апелира до граѓаните и покрај мирната епидемилошка состојба во земјава, треба секој до нас да биде исклучително внимателен и да ги почитува протоколите и мерките за заштита на здравјето. Одржување лична хигиена на раце, држењето дистанца, носење маска е нешто што треба да биде лична одговорност на секого од нас.

Апелираме дека мерките може да се променат и да се воведат рестрикиции ако епидемиолошката состојба го наложи тоа.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинацијата, што поголем број вакцинирани, значи побрзо создавање колективен имунитет, а тоа е клучно да се победи ковид пандемијата.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Регистрирани се 24 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.078

Регистрирани се 24 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.078

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Регистрирани се 24 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.078Оздравени се 6 пациенти – нема пријавено починати лица.Министерството за здравство...

МЗ: Вчера се аплицирани 17.085 вакцини

МЗ: Вчера се аплицирани 17.085 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 487.975 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.977 граѓани, а вчера вкупно...

Денеска се регистрирани 37 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.054

Денеска се регистрирани 37 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.054

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19:Тетово – 13, Скопје – 12, Велес – 3, Гостивар, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид,...