fbpx

Утре почнува вакцинирање за КОВИД-19 без закажан термин

Објавено на: 11.07.2021 | 11:07
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од утре граѓаните ќе може да се вакцинираат за КОВИД-19 без да закажат термин за вакцинација.

Граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи.

Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7.30 до 19.30 часот. Од утре ќе се отвори и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7.30 до 14.30 часот. За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во ситемот Мој Термин.

Министерството за здравство апелира до граѓаните што помасовно да се вакцинираат, бидејќи единствен начин да заврши оваа пандемија е што помасовна вакцинација. Овие месеци се одличен период кога бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалени, достапноста на вакцините е голема. Апелираме до сите граѓани да дојдат и да се вакцинираат.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 10 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.086

Денеска се регистрирани 10 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.086

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.473 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 7, Прилеп , Тетово и Струга – по 1.Регистрирани сe 16 оздравени...

Регистрирани се 24 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.078

Регистрирани се 24 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.078

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Регистрирани се 24 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 156.078Оздравени се 6 пациенти – нема пријавено починати лица.Министерството за здравство...

МЗ: Вчера се аплицирани 17.085 вакцини

МЗ: Вчера се аплицирани 17.085 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 487.975 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.977 граѓани, а вчера вкупно...