fbpx

Вчера се аплицирани 12.994 вакцини

Објавено на: 30.06.2021 | 09:06
Категории: Featured | Соопштенија

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 469.212 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 321.815 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.220 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани.

Со последните бројки, 52% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 419 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 218.194 – Оздравени се 211 пациенти – пријавени се 8 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27,...

Денес се регистрирани 375 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.775 – Оздравени се 507 пациенти – пријавени се 9 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13,...

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Денес е регистриран 101 нов позитивен случај на КОВИД-19-вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.400 – Оздравени се 393 пациенти – пријавени се 13 починати лица во изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово,...