fbpx

Изготвен е сертификат за прележан КОВИД-19

Објавено на: 29.06.2021 | 11:06
Категории: Featured | Соопштенија

Министерството за здравство информира дека во Националниот систем Мој Термин е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан КОВИД-19. Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk.

Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.
Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 526 позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани e 188.635 – Оздравени се 830 пациенти – пријавени се 28 починати лица

Денес се регистрирани 526 позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани e 188.635 – Оздравени се 830 пациенти – пријавени се 28 починати лица

Направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 245, Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и...

Скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта

Скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта

Најголем дел од младите, вирусот КОВИД-19 го поминуваат без симптоми, па според тоа истите се препознаени како трансмитери на вирусот. Засега, состојбата во училиштата е стабилна, но поради претпазливост и располагање со точни информации и сознанија во подготовка е...

Трета доза вакцина ќе примат сите постари од 60 години, здравствени работници и имунокомпромитирани пациенти

Трета доза вакцина ќе примат сите постари од 60 години, здравствени работници и имунокомпромитирани пациенти

Согласно препораките на Американска агенција за лекови и ЕМА, како и анализите на кои се работеше во изминатиот период за тоа кои лица треба да примат трета доза вакцина, Комитетот за имунизација донесе одлука околу трета бустер доза. Сите граѓани постари од 60...