fbpx

Вчера се аплицирани 13.628 вакцини

Објавено на: 29.06.2021 | 10:06
Категории: Featured | Соопштенија

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 529.445 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.940 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани.

Со последните бројки, 52% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 42% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 97-мата седница: Зајакнати контроли за постоечките КОВИД-19 мерки, а од 16 август целосно се забрануваат секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено; Од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено;

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки: До 15...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Денес се регистрирани 333 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 216.328 – Оздравени се 376 пациенти – пријавени се 16 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 154, Битола и Прилеп – по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16,...

Процена на ефективност на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација

Процена на ефективност на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација

Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој Термин” од денот на првата регистрирана...

Денес се регистрирани 410 нови позитивни случаи на  КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 215.995 – Оздравени се 290 пациенти – пријавени се 10 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес,...