fbpx

На средината од месец јули ќе започне теренската вакцинација

Објавено на: 28.06.2021 | 16:06
Категории: Featured | Соопштенија

На денешната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со КОВИД-19“ на која учествуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог и проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, се дискусутираше за сите аспекти на вирусот КОВИД-19 и за процесот на имунизација. Главната цел на оваа трибина, како што кажа министерот Филипче е да се зголеми свеста на граѓаните во врска со вакцинацијата. Разговорот течеше за сите теми поврзани со епидемиолошката состојба, делта вирусот (индиски сој), очекувањата, припремата и капацитетите, планот за имунизација и како истата ефективно да се спроведе во нашата земја.

-За да се прогласи крај на една епидемија треба два циклуси репродуктивни по 14 дена да нема дијагностицирано случаи и има некои предвидувања кај нас како тоа би можело да се случи, ако продолжат овие трендови. Тоа би се случило во месец август или можеби на почетокот на септември – рече министерот.

Со оглед на тоа што има многу малку новодијагностицирани случаи на 100.000 жители, во моментов таа бројка е под 10, односно сегашната епидемиолошка состојба е стабилна. Болниците се празни, а само мал број на пациенти се лекуваат на Инфективната Клиника. Но системот е подготвен да одговори со болнички капацитети и со се што би било потребно во случај на нов, непредвиден епидемиолошки бран.

-Околу 15-20 јули стартува теренската вакцинација во околните места на здравствените домови. Во комуникација со матичните лекари, Здравствените домови ќе ја спроведуваат вакцинацијата преку регрутирање на податоци од тоа колку од прикрепените пациенти се вакцинирани се со цел да се опфатат и останатите. На некој начин, секој Здравствен дом ќе биде регионален центар – рече Филипче.

Министерот истакна дека на добар пат сме да постигнеме што поголем опфат на вакцинирани граѓани. Заклучно со викендов околу 300.000 граѓани се вакцинирани во нашата држава, од кои 215.000 се ревакцинирани, а дадени се 500.000 дози на вакцини. Во моментов располагаме со доволен капацитет на вакцини, вклучувајќи ги новопристигнатите 500.000 дози на Синовак и 100.000 дози Фајзер. Веќе од утре кинеските вакцини ќе бидат дистрибуирани во сите центри низ државава, со што планирано е помеѓу 10.000-15.000 дози да се аплицираат како прва доза во следните две до три недели со што значително ќе се забрза процесот на имунизација и ќе се извакцинираат сите граѓани пријавени преку веб-страната vakcinacija.mk.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Од 103-та седница на Владата: Донесени мерки и за излез од државата; Прифатен е предлогот наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да започне онлајн во првите 14 дена, а во Кичево и Струга во првите 7;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги дополни мерките за спречување на проширувањето на вирусот што ја предизвикува заразната болест КОВИД-19 со кои од 1 септември 2021 година домашните и странски државјани и за излез од територијата на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 355 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.025 – Оздравени се 2.308 пациенти – пријавени се 15 починати лица изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 355 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 217.025 – Оздравени се 2.308 пациенти – пријавени се 15 починати лица изминативе 24 часа

Направени се 3.042 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14, Радовиш – 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива...

69% од позитивните со КОВИД-19 и 79% од починатите се невакцинирани

69% од позитивните со КОВИД-19 и 79% од починатите се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со КОВИД-19 во период од 6 август заклучно со 2 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза...

Денес се регистрирани 342 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 216.670 – Оздравени се 348 пациенти – пријавени се 7 починати лица изминативе 24 часа

Денес се регистрирани 342 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 216.670 – Оздравени се 348 пациенти – пријавени се 7 починати лица изминативе 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 135, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16,...