fbpx

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 73 пациенти, слободни кревети има

Објавено на: 10.06.2021 | 11:06
Категории: Featured | Соопштенија

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 11 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во КОВИД центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 3, во КОВИД центарот во Гостивар 8, а во Струга 4 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 121 и има околу 500 празни болнички кревети во КОВИД центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за КОВИД пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Последна прес-конференција

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспитализациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што е показател дека мерките ги...

Последна седница

Од 69-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Од 69-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Вчера се аплицирани 7.720 вакцини

Вчера се аплицирани 7.720 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани. На вакциналните пунктови во државата...

Денеска се регистрирани 10 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.593 – Оздравени се 18 пациенти – нема починати лица

Денеска се регистрирани 10 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.593 – Оздравени се 18 пациенти – нема починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид –...

Во КОВИД центрите во Скопје и во земјава за 24 часа има 10 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 90 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во КОВИД центрите во Скопје и во земјава за 24 часа има 10 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 90 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во Скопје и во земјава има хоспитализирано 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во Скопје е примен еден пациенти и 9 во болниците низ земјава. Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се лекуваат на...