fbpx

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 75 пациенти, слободни кревети има

Објавено на: 07.06.2021 | 11:06
Категории: Featured | Соопштенија

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 75 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 7 болни, а во Куманово 14 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во КОВИД центарот во Охрид има хоспитализирано 5 пациенти, во Прилеп 3, во КОВИД центарот во Гостивар 7, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 7 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 126 и има околу 500 празни болнички кревети во КОВИД центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за КОВИД пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 8 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.624 – Оздравени се 72 пациенти – нема починати лица

Денеска се регистрирани 8 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.624 – Оздравени се 72 пациенти – нема починати лица

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје - 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1. Регистрирани се 72 оздравени пациенти од:Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по...

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.616 – Оздравени се 68 пациенти – 1 починато лице

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.616 – Оздравени се 68 пациенти – 1 починато лице

Во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани – по 1. Регистрирани се 68 оздравени пациенти од:Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево...

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.612 – Оздравени се 14 пациенти – 2 починати лица

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.612 – Оздравени се 14 пациенти – 2 починати лица

Во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1. Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:Скопје – 6, Куманово -5, Тетово –...