fbpx

Од 75-тата седница на Владата: Се укинува носењето заштитна маска на отворено и други ограничувања

Објавено на: 02.06.2021 | 08:06
Категории: Featured | Соопштенија

Владата на Република Северна Македонија денеска ги прифати измените и дополнувањата на рестриктивните мерки согласно препораките на Комисијата за заразни болести, утврдени како предлози на 39-тата седница на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на КОВИД-19.

Почнувајќи од денеска, 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања:

  • Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;
  • Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;
  • Се укинува забраната за групирање на јавен простор;
  • Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;
  • Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;
  • Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина; и
  • Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.

На оваа седница Владата го донесе Протоколот за организирање свадби/прослави и веселби.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денес се регистрирани 86 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.199 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Денес се регистрирани 86 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.199 – Оздравени се 87 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2,...

Денес се регистрирани 76 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.113 – Оздравени се 73 пациенти- Пријавени се 3 починати лица

Денес се регистрирани 76 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 311.113 – Оздравени се 73 пациенти- Пријавени се 3 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово,...

Денес се регистрирани 96 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.038 – Оздравени се 88 пациенти – Нема пријавени починати лица

Денес се регистрирани 96 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 311.038 – Оздравени се 88 пациенти – Нема пријавени починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид –...