fbpx

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Објавено на: 10.05.2021 | 16:05
Категории: Featured | Известувања

Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во КОВИД центрите во Скопје и низ државата е се помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво.

-Значајно се испразнети болничките капацитети, хируршките одделенија, сите освен еден дел од одделението ТОАРИЛУЦ се вратени во функција. Заводот за рехабилитација-Козле исто така е целосно испразнет од пациенти заболени од КОВИД и во текот на неделата ќе се направи прераспределба и на детската болница во Козле, и на дел од одделенијата во зградата за Интерни клиники. Клиниките за Оториноларингологија и Офталмологија исто се враќа во функција до крајот на неделата. Продолжува намалувањето на притисокот врз болниците ширум државата. Повеќе од половина од капацитетите се слободни и се враќаат во нормална работа и останатите одделенија. Ова е знак за стивнување на овој бран, па оттука и предлозите за дополнителни попуштања на рестрикциите – изјави Филипче.

Министерот посочи дека сите граѓани кои се пријавиле на vakcinacija.mk заклучно со 30 април, до 15 мај ќе добијат термин кога ќе се вакцинираат. Филипче рече дека се поголем е интересот на граѓаните кои се пријавуваат на vakcinacija.mk, и апелираше дека тоа е најпрактичниот механизам да се стигне до соодветен термин за вакцинација.

-Во однос на процесот на вакцинација, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од нив 23.000 се граѓани коишто се и ревакцинирани. Со оваа динамика од 10.000 вакцинирани на ден, во сите пунктови низ државата продолжува и во текот на оваа недела. Денеска стигнуваат околу 10.000 вакцини на Фајзер, по 5.000 од нашиот договор и системот на солидарност од ЕУ. Според најавите донацијата од кинеската армија треба да пристигне на 15 мај и согласно сите тие најави ние го правиме и распоредот за делење на вакцините ширум пунктовите – изјави министерот.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 8 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.624 – Оздравени се 72 пациенти – нема починати лица

Денеска се регистрирани 8 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.624 – Оздравени се 72 пациенти – нема починати лица

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје - 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1. Регистрирани се 72 оздравени пациенти од:Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по...

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.616 – Оздравени се 68 пациенти – 1 починато лице

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.616 – Оздравени се 68 пациенти – 1 починато лице

Во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани – по 1. Регистрирани се 68 оздравени пациенти од:Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево...

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.612 – Оздравени се 14 пациенти – 2 починати лица

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.612 – Оздравени се 14 пациенти – 2 починати лица

Во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1. Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:Скопје – 6, Куманово -5, Тетово –...