fbpx

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 622 пациенти, слободни кревети има

Објавено на: 04.05.2021 | 10:05
Категории: Featured | Соопштенија

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 622 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 77 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во КОВИД центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 51, во КОВИД центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 63 пациенти, во Кочани 27 во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 7 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1068 и има околу 745 празни болнички кревети во КОВИД центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Последна прес-конференција

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспитализациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што е показател дека мерките ги...

Последна седница

Од седницата на Владата: Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Од седницата на Владата: Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Владата на Република Северна Македонија на денешната 68-ма седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Во КОВИД центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти, а вкупно се лекуваaт 319 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во КОВИД центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти, а вкупно се лекуваaт 319 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во Скопје се хоспитализирани 13 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 319 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во последното деноноќие, на Интерните...

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Комисијата за заразни болести за намалувањето на рестриктивните мерки

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Комисијата за заразни болести за намалувањето на рестриктивните мерки

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се...

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.026 – Оздравени се 298 пациенти – Починати се 14 лица

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.026 – Оздравени се 298 пациенти – Починати се 14 лица

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 74, Куманово – 11, Битола – 7, Виница – 6, Прилеп , Тетово и Струмица – по 5, Охрид и Пробиштип – по 3, Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш – по 2...