fbpx

Извештај на ИЈЗ од 26 април до 2 мај, 2021 година. Намалување од 39,7% на нови случаи и намалување од 20,9% на починати, споредено со претходната недела – опаѓа процентот на позитивни од тестирани

Објавено на: 04.05.2021 | 09:05
Категории: Featured | Известувања

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до 2 мај 2021, тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5%), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=781, 37,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=349; 16,8%), 40-49 (n=333; 16,0%), 30-39 (n=323; 15,6%) и 20-29 (n=172; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=33; 1,6%) и 10-19 години (n=85; 4,1%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД-19. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација. Заклучно со 02.05.2021, со Pfizer/Biontech вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со Sputnik V се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на AstraZeneca вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Sinopharm се вакцинирани 953 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со КОВИД-19 за периодот од 26 април до 2 мај 2021 година, како и кумулативната состојба со КОВИД-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Последна прес-конференција

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспитализациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што е показател дека мерките ги...

Последна седница

Од седницата на Владата: Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Од седницата на Владата: Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Владата на Република Северна Македонија на денешната 68-ма седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Во КОВИД центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти, а вкупно се лекуваaт 319 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во КОВИД центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти, а вкупно се лекуваaт 319 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во Скопје се хоспитализирани 13 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 319 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во последното деноноќие, на Интерните...

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Комисијата за заразни болести за намалувањето на рестриктивните мерки

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Комисијата за заразни болести за намалувањето на рестриктивните мерки

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се...

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.026 – Оздравени се 298 пациенти – Починати се 14 лица

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.026 – Оздравени се 298 пациенти – Починати се 14 лица

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 74, Куманово – 11, Битола – 7, Виница – 6, Прилеп , Тетово и Струмица – по 5, Охрид и Пробиштип – по 3, Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш – по 2...