fbpx

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 637 пациенти, слободни кревети има

Објавено на: 02.05.2021 | 11:05
Категории: Featured | Соопштенија

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 637 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 87 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 27 пациенти, во Велес се лекуваат 72 болни, а во Куманово 72 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во КОВИД центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 56, во КОВИД центарот во Гостивар 23, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 20, Кавадарци 30, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1102 и има околу 740 празни болнички кревети во КОВИД центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 68-ма седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во КОВИД...

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 429 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...