fbpx

Во КОВИД центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 59 пациенти, а вкупно се лекуваaт 473 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Објавено на: 30.04.2021 | 13:04
Категории: Featured | Соопштенија

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 19 приеми.

Во КОВИД центарот во ГОБ 8 Септември имало 19 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, а на Клиниката за Детски болести имало 8 приеми. На Институтот за физикална медицина е примен еден нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 83 оздравени пациенти.

Во моментов во КОВИД центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 194 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 117 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 120 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има 3 деца позитивни на КОВИД-19 вирусот и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 19 болни.

Вкупно 473 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 220 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Последна прес-конференција

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспитализациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што е показател дека мерките ги...

Последна седница

Од 69-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Од 69-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Вчера се аплицирани 7.720 вакцини

Вчера се аплицирани 7.720 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани. На вакциналните пунктови во државата...

Денеска се регистрирани 10 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.593 – Оздравени се 18 пациенти – нема починати лица

Денеска се регистрирани 10 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.593 – Оздравени се 18 пациенти – нема починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид –...

Во КОВИД центрите во Скопје и во земјава за 24 часа има 10 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 90 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во КОВИД центрите во Скопје и во земјава за 24 часа има 10 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 90 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во Скопје и во земјава има хоспитализирано 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во Скопје е примен еден пациенти и 9 во болниците низ земјава. Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се лекуваат на...