fbpx

Филипче: Утрово пристигнаа 200.000 дози на вакцини од производителот Синофарм, од вторник започнува масовна имунизација низ целата држава

Објавено на: 30.04.2021 | 11:04
Категории: Featured | Известувања

Утрово пристигнаа 200.000 дози на вакцини од производителот Синофарм обезбедени во директни преговори со производителот. Со овие вакцини ќе се овозможи масовна имунизација на македонското население, а министерот за здравство д-р Венко Филипче во изјава за медиумите ја најави престојната поопсежна имунизација започнувајќи од вторник, односно веднаш после дистрибуцијата на предвидените дози до сите пунктови кадешто истата ќе се спроведува. Вакцините ќе бидат сместени во ладната соба во Поликлиниката Јане Сандански, а ќе се дистрибуираат согласно закажаните термини за имунизација, односно врз основа на заинтересираноста која граѓаните ќе ја искажат најпрво преку веб страната vakcinacija.mk , но и преку матичните лекари. Министерот Филипче изјави дека верува дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на население коешто ќе биде вакцинирано, а во текот на овој месец се очекува да добиеме и дополнителни поголеми количини на вакцини со што ќе се придонесе до уште поголем опсег при имунизацијата.

,,Рано утрово пристигнаа долгоочекуваните вакцини од производителот Синофарм од Народна Република Кина и дозволете на почетокот да изразам голема благодарност за личниот ангажман на амбасадорот н.е. Џанг Ѕуо, за луѓето од неговиот тим со коишто комуницираме секојдневно целиот овој изминат период и благодарение и на нивното инсистирање оваа пратка е сега во нашата земја. Станува збор за количина од 200.000 вакцини коишто службите ќе ги одработат соодветно во делот на проверка на ладниот ланец. Тие ќе се сместат во ладната соба којашто беше поставена благодарение на Фондацијата “Direct Relief” и од тука во текот на следните денови, најкасно во понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови. Тоа се пунктовите за масовна вакцинација ширум државата и во Скопје, во салата Борис Трајковски и во другите 6 градови – во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола и според распоредот на веќе пријавени граѓани ќе биде и распределена и бројката на вакцини. Процесот на вакцинација со кинеските вакцини ќе започне веќе во вторник. Ова е месец во којшто очекуваме и други, значајно големи количини на вакцини и искрено верувам дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на население коешто ќе биде вакцинирано и тоа сето ќе придонесе до целосно менување на сликата на епидемијата кај нас” – изјави министерот Филипче.

Амбасадорот на Народна Република Кина н.е. Џанг Ѕуо кажа дека сплотеноста на земјите при процесот на имунизација значи многу за глобалното справување со оваа пандемија, а со ова се испиша ново поглавје во пријателските односи помеѓу двете земји. Народна Република Кина во моментов се уште е во процес на масовна вакцинација, а веќе 200.000 милиони луѓе се вакцинирани и со оглед на тоа што ова е земја со население од 1,4 милијарди жители, сè уште трае процесот на имунизација.

,,Денес, пристигнувањето и официјалното доставување на првите 200.000 дози на вакцини Синофарм против КОВИД-19 во Северна Македонија не само што претставува нова пресвртница на солидарноста меѓу нашите земји во борбата против епидемијата, туку исто така напиша и ново поглавје во пријателските односи меѓу нашите два народа. Вакцинацијата е важен чекор во спречување, контрола и пораз на епидемијата. Кина ги прогласи вакцините за глобално јавно добро и се приклучи на програмата Ковакс на СЗО. Кина обезбедува итно потребни вакцини на повеќе од 100 земји и меѓународни организации. Пристигнувањето на кинеските вакцини во Северна Македонија денес го потврдува дејствувањето на Кина во сплотеноста при градење на заедница со цел подобро заедничко здравје за човештвото. Вакцинацијата е важна алатка за контрола и пораз на епидемиите. Кина во моментов е во процес на масовна вакцинација, со повеќе од 200 милиони луѓе вакцинирани. Сепак, како земја со население од 1,4 милијарди жители, сè уште постои голем јаз за постигнување на имунитетна бариера. Побарувачката за вакцини во Кина останува огромна. Како и да е, Кина наоѓа начини да обезбеди поддршка на земјите во неволја, вклучително и Северна Македонија, за заедничка заштита на животот и здравјето на луѓето во земјите. Драго ни е што кинеските вакцини можат да придонесат во напорите за вакцинација на луѓето од Северна Македонија” – кажа Амбасадорот на Народна Република Кина н.е. Џанг Ѕуо.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 68-ма седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Од 68-ма седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Филипче: Се намалува бројот на новозаразени со КОВИД, расте интересот кај граѓаните за вакцинација

Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во КОВИД...

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Денеска се регистрирани 25 нови случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.051 – Оздравени се 408 пациенти – Починати се 16 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 429 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во...