fbpx

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Објавено на: 14.04.2021 | 13:04

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспитализациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што е показател дека мерките ги даваат потребните резултати.

  • Денеска имаме повторно еден тренд на намалување во рамките на новодијагностицирани случаи, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа е еден добар податок, тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати. Притисокот во болниците се уште е голем, со оглед на тоа што има се уште голема бројка на дијагностицирани пациенти кои согласно текот на клиничката слика сега нешто покасно во споредба со она што беше карактеристика лани имаат потреба да се јават во болница. Во текот вчерашниот ден има стабилизирање, за разлика од претходниот ден кога имавме голем наплив на пациенти меѓутоа тоа добро се менаџира во сите јавно-здравствени установи согласно распоредите. Согласно прераспределбата на пациенти има слободни болнички кревети и во Скопје и во другите градови, во Скопје на интерните клиники понатаму во КОВИД центарот во Заводот за рехабилитација Козле. Во таа смисла се прави прераспределба на пациенти од другите градови ако треба сега во овој момент се навистина преоптеретени болниците во Куманово и во Битола, меѓутоа тоа на дневно ниво го менаџираме – изјави министерот Филипче.

Министерот за периодот кој следува најави и масовна вакцинација на повеќе локации низ државата, онаква каква што во моментов се спроведува во А1 Арената Борис Трајковски и во Здравствените домови кои имаат кадрови капацитети за да го изменаџираат овој процес. Со ова се планира значително да се интензивира процесот на имунизација во моментот кога ќе пристигнат поголемите количини на вакцини, во периодот кој следува.

-Во овој период којшто е пред нас ќе работиме очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Места за масовна вакцинација во уште неколку градови по примерот на салата Борис Трајковски, а тоа ќе бидат градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово покривајќи соодветни региони околу овие Здравствени домови кои може овој процес да го изменаџираат со кадар – рече Филипче.

Во однос на вакцинацијата во А1 Арената Борис Трајковски од утре се очекува да продолжи процесот на имунизација со трите типа на вакцини – Астра Зенека, Спутник В и кинеските од производителот Синофарм со вакцинација на граѓани на возраст од 73 и 74 години. Пријавени се околу 5000 граѓани кои ќе бидат вакцинирани, а како стигнуваат следните количини вакцини така ќе се надоврзат на процесот на вакцинација соодветно на возрасната граница.

  • Добро се одвива вакцинацијата заклучно со вчерашниот ден близу 30.000 граѓани се вакцинирани во оној дел којшто значи вакцинација по пунктовите некаде околу 12.000 од вкупно 22.000 распределени дози на вакцината Астра Зенека. Во салата Борис Трајковски денеска завршува вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура со што го заокружуваме тој процес и од утре почнува вакцинацијата на постарите граѓани како надополнување на овој систем што веќе се спроведува. Тоа значи дека вакцинирањето на сите пунктови ширум државата и тука во Скопје продолжува по оној терк на закажување како што трае, фреквенцијата на спроведување е нешто зголемена изминативе денови и од оние 700-800 на ден сега се вакцинираат околу 1000-1500 граѓани, согласно пријавените термини тоа се спроведува во сите градови. Од утре ќе започне вакцинирањето и на граѓаните помлади од 75 години, кои се пријавени во системот на сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари. Тие ќе добијат термини, најпрво во Скопје заради тоа што тука е најголем притисокот, тоа значи дека сите 74 и 73 годишни граѓани кои се пријавиле во следниот период ќе бидат вакцинирани. Во овој момент од вакцината Спутник В кон крајот на денешниот ден ќе останат околу 2.500 вакцини, кажувам приближни бројки на коишто ќе надополниме 2.000 вакцини од Астра Зенека од остаток од 24.000 бидејќи, близу 22.000 се распределени и 1.000 кинески вакцини кои пристигнаа како донација и тоа е од прилика вкупната бројка за вакцинација на граѓаните во Скопје на возраст од 73 и 74 и постари – кажа министерот Филипче во изјавата.

Што се однесува до динамиката на испорака на вакцините, на 19ти и на 26ти април од компанијата Фајзер има најава дека ќе испорачаат по 10.000 вакцини кои ги купивме преку директни преговори со производителот. Наскоро, по завршување со административниот дел во Кина се очекува да добиеме и податок за точниот датум кога ќе бидат испорачани овие дози од 200.000 вакцини.

  • Согласно информациите што ги имаме досега најавено е од компанијата „Фајзер“ преку нашиот директен договор на 19ти и 26ти април по 10.000 дози. Јас имав средба со кинескиот амбасадор, очекувам да преземе обврска да направи што може, вчера имаше некое поместување добив информации дека тој административен дел таму во Кина се забрзал. Очекуваме информација и од руската амбасада за дополнителни количини на вакцината Спутник В. Повторно би требало 76.000 дози на Астра Зенека да стигнат до крајот на месецот за што утрово разговарав со претставничката на СЗО. Она што значеше помош преку трилатералните договори од ЕУ што ги најавија за месец април очигледно ќе се поместат според последните најави од утрово е дека ќе пристигнат во првата недела на мај. Тоа се засега информациите, како вакцините ќе пристигнуваат од кои најголема количина наеднаш очекуваме да стигне од Кина. 200.000 вакцини ќе бидат распределени по овој систем на вакцинација кој веќе се спроведува ширум државата – изјави министерот на денешната прес-конференција за медиумите.

Последна прес-конференција

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Премиерот Заев, еврокомесарот Вархеји и австриската министерка Едштадлер на заедничка прес-конференција: Денешниот ден е израз на солидарност и заедништво, а со вакцините од ЕУ и масовната вакцинација се олеснува товарот врз здравствениот систем

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав,...

Последна седница

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Од 75-та седница на Владата: Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на нивна примена

Преземете ја одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временски период на...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.612 – Оздравени се 14 пациенти – 2 починати лица

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 155.612 – Оздравени се 14 пациенти – 2 починати лица

Во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1. Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:Скопје – 6, Куманово -5, Тетово –...

Вчера се аплицирани 7.720 вакцини

Вчера се аплицирани 7.720 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани. На вакциналните пунктови во државата...

Во КОВИД центрите во Скопје и во земјава за 24 часа има 10 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 90 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во КОВИД центрите во Скопје и во земјава за 24 часа има 10 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 90 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во Скопје и во земјава има хоспитализирано 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во Скопје е примен еден пациенти и 9 во болниците низ земјава. Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се лекуваат на...