fbpx

Од 65-та седница на Владата: Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од КОВИД-19

Објавено на: 13.04.2021 | 20:04

Владата на Република Северна Македонија на денешната 65-та седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за здравство добива дополнителни овластувања во услови на кризна состојба прогласена заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест.

Со предложените измени се уредува и начин на вршење на здравствена дејност од страна на приватните здравствени установи при утврдено постоење на кризна состојба заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест, а на Владата и се овозможува законско овластување да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за да се овозможи овие услуги да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси на сите граѓани.

Со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземањето на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.

Измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита ќе бидат испратени на усвојување во Собранието по скратена постапка, а во нив се предвидени и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби.

На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, на денешната седница Владата ја утврди Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, со која се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 31 декември 2021 година и донесе заклучок оваа предлог одлука да ја достави до Собранието.

Последна прес-конференција

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба во државата, хоспитализациите и процесот на вакцинација. Според бројот на новодијагностицирани епидемиолошката крива има пад, што е показател дека мерките ги...

Последна седница

Од 97-мата седница: Зајакнати контроли за постоечките КОВИД-19 мерки, а од 16 август целосно се забрануваат секаков тип настани и работа на угостителски објекти на затворено; Од 15 август се воведува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено;

На седницата, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, во врска со заштита на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и спречување на неговото ширење, членовите на Владата донесоа неколку заклучоци и одлуки: До 15...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

Останати вести

Во последните 24 часа регистрирани се 739 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 330.775 – Оздравени се 659 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Во последните 24 часа регистрирани се 739 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 330.775 – Оздравени се 659 пациенти – Пријавено е 1 починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.570 тестови, а регистрирани се нови 739 случаи на КОВИД-19: Скопје – 262, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35,...

Регистрирани се 844 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 330.016 – Оздравени се 815 пациенти – Пријавени се 6 починати лица

Регистрирани се 844 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 330.016 – Оздравени се 815 пациенти – Пријавени се 6 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на КОВИД-19: Скопје – 374, Kуманово и Тетово – по 43, Битола – 38, Прилеп – 35, Велес –...

Регистрирани се 178 нови позитивни случаи на  КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 329.172 – Оздравени се 592 пациенти – Пријавени се 4 починати лица

Регистрирани се 178 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 329.172 – Оздравени се 592 пациенти – Пријавени се 4 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на КОВИД-19: Скопје – 101, Прилеп – 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид – по 10, Струга – 8,...