fbpx

Извештај на ИЈЗ од 05 до 11 април, 2021

Објавено на: 13.04.2021 | 20:04
Категории: Featured | Известувања

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 05 до 11 април 2021, тестирани се вкупно 27.329 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 13,4% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.857; 41,6%), со неделна инциденца – 462,6/100.000. Највисока неделна инциденца од 525,2/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 16,2 до 29,6%, или во просек 24,3%, со зголемување за 5,0% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.106, 30,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=1.245; 18,1%), 40-49 (n=1.201; 17,5%), 30-39 (n=1.176; 17,1%) и 20-29 (n=711; 10,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=112; 1,6%) и 10-19 години (n=316; 4,6%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 6.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 25,7% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови, 6,2% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица од 30-39 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД-19. Заклучно со 11.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.011 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 5.857 (3.817-Pfizer/Biontech и 2.040- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД-19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 11.04.2021 вакцинирани се 8.330 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација, вкупно 12.093.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со КОВИД-19 за периодот од 05 до 11 април 2021 година, како и кумулативната состојба со КОВИД-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Последна прес-конференција

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Заев и Филипче ја промовираа кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се!“: Вакцините се безбедни и само со вакцинација ќе го сочуваме личното и колективното здравје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја лансираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“. Кампањата има за цел да ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата како...

Последна седница

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата ги укина одлуките за задолжителни сертификати или потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во...

w

Како се шири вирусот?

Како да се заштитам?

Преземете ја „Koronavirus MK“ апликацијата и добивајте ги сите последни информации и известувања директно на вашиот мобилен телефон или таблет. 

Get it on Google Play

blank

Останати вести

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Регистрирани се 148 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица со изнесува 313.856 – Оздравени се 45 пациенти – Пријавено е едно починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.261 тестови, а регистрирани се 148 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по...

Во последните 24 часа регистрирани се 168 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.708 – Оздравени се 90 пациенти – Нема починати лица

Во последните 24 часа регистрирани се 168 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.708 – Оздравени се 90 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 91, Битола – 12, Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10, Велес – 9,...

Регистрирани се 180 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.540 – Оздравени се 153 пациенти – Нема починати лица

Регистрирани се 180 нови позитивни случаи на КОВИД-19 – Вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 313.540 – Оздравени се 153 пациенти – Нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.06 до 26.06.2022): Направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово –...